Арамии крадат ракија од подрумите на кавадарчани

Објавено на 7 ноември, 2012 во 14:49

Во Кавадарци зачестија кражбите во подрумските простории.

Најчесто арамиите влегуваат во подрумите на стамбените згради и одземаат ракија и разни алатки, но се крадат и акомулатори од патничките и товарните возила. Вакви пријави секојдневно пристигнуваат во полицијата од каде се потврдуваат овие кривични дела.

Полицијата побара помош и од граѓаните. Апелираат до нив да превземаат посериозни мерки за обезбедување на својот недвижен и движен имот, како би се намалил ризикот.

“Сигурни сме дека со заедничка соработка превентивно ќе делуваме  и навреме ќе ги санкционираме овие кривични дела“, велат  од Полициска станица со општа надлежност Кавадарци.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.