Најмладите, најактивни екологисти!
“Паркот е место за одмор и рекреација-Стоп за отпадот во природата“, “Засади дрво засади цвет –за поубав свет,,
– вакви пораки дечињата од четирите клона на градинката “Рада Поцева“ од Кавадарци упатија до повозрасните на Светскиот ден на акција.
Се работеше во сите објекти на градинката. Најмладите садеа дрвца, цвеќе, собираа суви лисја и отпад. Дечињата уште еднаш ја покажаа својата еко-свест и беа пример за тоа како треба да се однесуваме во природа.
Децата на возраст од 3 до 5 години во сите објекти покрај овие активности рециклираат и хартија.
Објект “Изворче“ денеска беше отворен за родителите. Тие се вклучија со своите најмили во креативната еко-работилница насловена “Од отпад до декоративна облека за еко ревија,,Облеката беше изработена со мотиви од есента и истата дечињата ќе се искористат за испраќање на есента.