Децата продавачи-родителите купувачи

Објавено на 8 ноември, 2012 во 13:28

Дечињата од детската градинка “Рада Поцева“ клон Изворче беа продавачи на зеленчук и овошје и многу се радуваа.

Застанати покрај убаво изработени тезги извикуваа “Повелете, повелете. Остана уште малку!“. А тезгите богато снабдени со домати, краставици, модри патлиџани, лимони, зелка, карфиол, комири со цени исти како на градскиот пазар.

 

Родителите беа главни купувачи и дечињата од помалите групи во градинката.

“Продавам краставички и јаболки. Убаво е да си продавач на овошје и зеленчук“ вака ни одговори малата Елена. Таа беше видно возбудена кога сериозно ја прифатила улогата што и беше доделена од нејзините воспитувачки. На лицата на сите деца се гледаше задоволство, а посебно беа среќни кога нивните родители доаѓаа на нивните тезги и го купуваа овошјето и зеленчукот.

“Денешниот пазар кој го организиравме  е дел од манифестацијата “Денови на есента“ и опфаќа бројни активности. Ќе имаме и есенски саем, подготовка на зимница, и други презентации кои ја отсликуваат есента“ ни рекоа воспитувачките од градинката.

Средствата кои денеска се собрани од продажбата на пазарот ќе бидат наменети за купување на детски играчки.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.