Иселениците мислат на родниот крај!

Објавено на 9 ноември, 2012 во 12:45

Кавадаречката фамилија на Диме Голчев, која живее и работи во Соединетите Американски Држави, испрати донација во својот роден град.

Се сетиле дека иако опермата што ја праќаат во родната земја е користена, сепак може да послужи за училиштата и градинките. Денеска во Кавадарци од солунското пристаниште пристигнаа камиони полни со ормари, клупи, столчиња. Истите ќе се искористат за доопремување на кабинетите во кавадаречките училишта, но ќе има и столчиња за градинките.

Локалната власт се заблагодари на донацијата и хуманиот гест на иселениците како и на нивната желба да им помогнат на своите роднокрајци.

“Ова е уште една потврда дека нашите граѓани имаат развиена свест за својата татковина и родниот крај. Тие учествуваат во подобрувањето на условите за образование на децата од предшколска возраст“ рекоа од општината.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.