Метрото во рака не е веќе модерно за архитектите!

Објавено на 29 ноември, 2012 во 23:52

Трендовите во техниката навлегоа и во оваа сфера. Со набавка на GPS  систем стручните служби од секторот за комуналии и урбанизам на општина Кавадарци сега ќе премеруваат и планираат со помош на 24 сателити. Општината купи систем вреден осум илјади евра преку проектот “Локалните заедници за еколошки развој“.

 

Точноста во мерењето и проектирањето е до милиметар. Ваквиот начин на работа на архитектите би требало да им овозможи поедноставно и побрзо да изработат  план за изградба на улици, канализациони и водоводни мрежи, како и точно мерење на парцелите кои се во сопственост на граѓаните. Податоците од премерот би имале прецизна точност. Архитектите кои ќе работат со овој систем, покрај потребните параметри за проектот, ќе добиваат и податоци за надморска висина и географска ширина на просторот кој е предмет на премерот.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.