Вируси нападнаа по најмладите!

Објавено на 28 декември, 2012 во 16:57

Зимски вируси кои предизвикуваат дијареа ги нападнаа малите деца.

Во Кавадарци секојдневно се зголемува бројот на заболени, информира началникот на детско одделение при кавадаречката општа болница, прим. д-р Лидија Димитрова. Таа објаснува дека  во последните два месеца нивниот оддел бил преполн. Се случувало во еден момент да има и по 35 деца згрижени поради заболувања од вирусот, а во последните два месеца на нивниот оддел биле згрижени вкупно 145 деца. Поради зголемениот број на заболени бил активиран и одделот “Б“

 

“Овие вируси  можат да предизвикаат за жал и доста лоша клиничка слика. Во светот веќе се дава вакцина против рота вирусот кој е најчест причинител на проливи во раната детска возраст. Покрај тоа што го напаѓа цревниот  тракт рота вирусот го напаѓа и респираторниот тракт така да имаме комплетно болни деца. Ретко кое од децата избегнува  да не му биде зафатен и вториот тракт, да остане само со проливи или  само со инфекција на дишните патишта и тоа обично бронхопневмонии. Едни легнуваат, други стануваат. Ова се случува особено во нашиот регион. Во општините Кавадарци, Неготино, Росоман и Демир Капија има зголемен број на болни од оваа вироза.  Според моите сознанија во некои други болници вирусно болни има помалку“ рече д-р  Димитрова.

Препораката на лекарите до родителите е децата да ги чуваат понастрана од настинати луѓе и за време на празниците да се избегнуваат масовни собирања како одлична можност за ширење на вирусите.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.