Пак ќе оживее детското одморалиште Михајлово!

Објавено на 5 февруари, 2013 во 12:21

По десет години заклучени врати ќе се врати детскиот џагор во одморалиштето “Михајлово“.

Дознаваме дека одморалиштето веќе е прододадено и е во сопственост на двајца бизнисмени од Кавадарци. 60% од сопственоста е на претпријатието “Градба промет“, а 40% на “Кожувчанка“ и “Синалко“.

Во телефонски разговор сопственикот на “Кожувчанка“; Митко Јанчев ни ја потврди информацијата и рече дека во наредниот период ќе работат на реновирање на објектот и дека одморалиштето ќе биде повторно актуелно како пред десетина години.

Детското одморалиште “Михајлово“ на почетокот беше проценето во вредност од 417 000 евра, но не и продадено по таа вредност. На јавно надавање пазарната вредност била симната на 122 295 евра. Продадени  се сите објекти на “Михајлово“ и тоа павиљон со 56 м2 подрумски простор, приземје 310 м2, кат 352 м2, тераси 30 м2, поткровје 276 м2, кујна со трпезарија од 249 м2 и балкон од 64 м2.

Преку лето во “Михајлово“ неколку стотици деца, пред се основци го поминуваа летниот распуст. Многу генерации носат убави спомени од летниот одмор поминат под Кожуф. Климата и она што го нуди природата во овој крај ветуваат успешна работа за одморалиштето бидејќи се смета и за воздушна бања.

Повеќе од десетина години одморалиштето беше оставено на забот на времето поради што имаше и позначајни оштетувања на објектот, дворот, кујната.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.