Македонците го овековечија споменот на претците во село Горица, Албанија!

Објавено на 7 мај, 2013 во 13:26

Шеесетина  потомци на бегалците од Мала Преспа  кои сега живеат во повеќе градови во Македонија,  вчера поставија гранитен споменик  како вечен потсетник на  времето и чинот кога се избркани нивните претци од селото Горица.

На споменикот е изгравирана жена која во рацете држи мало дете, а до неа одат уште две мали деца како симбол на егзодусот кој се случувал пред 80 години. „За чест и слава, за храброста,  непокорот и патилата  на Горичаните кои во 1933 година заминаа засекогаш“ ова е текстот напишан на споменикот на македонски и албански јазик.

„Мала Преспа е еден простор со хомогено македонско население, кое во времето на турската имеприја било една етничка целина со сиот преспански регион, ресенско и леринско. За тоа најдобро сведочи дијалектот на кој зборуваат , носиите и обичаите  кои го имаат. “ рече професорот во пензија Милан Наумов од Кавадарци. Тој е еден од организаторите на оваа средба.

Наумов информираше  дека во селото Горица биле пречекани од нивните роднини, тамошни жители, а ги поздравил и градоначалникот на Пустец,  Едмонд Темелко./ А.Д

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.