Кучиња скитници се намножија во Кавадарци!
Кучињата скитници повторно во глутници се присутни во центарот на Кавадарци, а тоа ги плаши граѓаните. Тие стравуваат за својата безбедност и бараат надлежните органи соодветно да реагираат и да ги отстранат животните скитници кои претставуваат опасност за секого.
Дека тоа е голем проблем за градот и целата општина потврдуваат и екологистите од „Еко живот“. Тие нагласуваат дека се подготвени да го дадат својот придонес во изнаоѓање на квалитетно решение.
Од локалната самоуправа објаснуваат дека за животните скитници ќе се изградел прифатен центар кој ќе ги опслуѓува општините од Вардарскиот регион. Во тој центар бездомните животни ќе добивале стручен третман.
“Проблемот со кучињата скитници не е само присутен во Кавадарци. Тој е присутен во целата земја. Поради тоа поевтино е да се решава регионално, отколку секоја општина сама да го решава. Веќе е дискутирано за ова на ниво на регион и е изготвена проектна документација. Во тек е реализација на проект чија цел е собирање на кучињата-скитници на едно место, а третманот кон нив ќе биде стручен“ објаснува градоначалникот Панов и нагласува дека нехумано е животните скитници да се убиваат./ А.Д