И винското грозје стаса за берба
Објавено на 9 август, 2013 во 14:32
Околу 200 милиони килограми е тежок родот на грозје годинава во Македонија, оценуваат екпсертите. Ваквата оценка доаѓа на само неколку дена пред стартот на бербата на винско гројзе. Од Тиквешките лозја годинава ќе се наберат околу 80 милиони килограми.
“Лозјата изобилуваат со квалитетно грозје годинава. Сега останува само лозарите да постигнат дора цена за квалитетниот род. Во одредени региони од земјава има намалување на родот поради сушата. Во Тиквешијата ќе се наберат 20 милиони килограми помалку од лани, кога лозарите набра 100 милиони килограми“ рече м-р Диме Златев, експерт за лозарство.
Додека да започне бербата на винското грозје, во полн ек е бербата на трпезните сорти.