Почина пет месечно бебе во Кавадарци

Објавено на 10 ноември, 2013 во 13:56

Бебе на возраст од пет месеци утринава во 6.30 часот е примено на детското одделение во кавадаречката болница без знаци на живот.

Од болницата околу 7 часот ја известиле полицијата, по што пристигнала увидна полициска екипа и истражен судија.

Со цел да се утврдат причините за смртта на бебето истражниот судија наредил обдукција по што телото на бебето е испратено на Институтот за судска медицина.

Дознаваме дека бебето било од ромско семејство, а полицијата повеќе детали ќе изнесе најверојатно утре по завршувањето на обдукцијата.A.Д

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.