Уапсен познат извршител на кривични дела во Кавадарци

Објавено на 21 јануари, 2014 во 10:39

По наредба на судот во Кочани утринава кавадаречката полиција спроведе акција и го уапси четериесет и тригодишниот Б.С од селото Бегниште, познат извршител на кривични дела, тешки кражби.

„Б.С е лишен од слобода заради издржување на казна затвор во траење од една година и три месеци за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци  и прекурзори“ и истиот ќе биде спроведен во КПУ Издризово“ рече портпаролот на СВР Велес, Анита Стојковска.

Б.С е уапсен во неговата викенд куќа на Тиквешкото Езеро. Во акцијата учествувале повеќе униформирани полициски службеници.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.