Уапсен познат извршител на кривични дела во Кавадарци
Објавено на 21 јануари, 2014 во 10:39
По наредба на судот во Кочани утринава кавадаречката полиција спроведе акција и го уапси четериесет и тригодишниот Б.С од селото Бегниште, познат извршител на кривични дела, тешки кражби.
„Б.С е лишен од слобода заради издржување на казна затвор во траење од една година и три месеци за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ и истиот ќе биде спроведен во КПУ Издризово“ рече портпаролот на СВР Велес, Анита Стојковска.
Б.С е уапсен во неговата викенд куќа на Тиквешкото Езеро. Во акцијата учествувале повеќе униформирани полициски службеници.