Штрајк во Дрекслмаер!
Дел од вработените во Дрекслмаер кои требаше вечерва да бидат трета смена на работните позиции не влегоа во производните погони. Започнале штрајк, како што неофицијално дознаваме, поради незадоволство од личниот доход, пренесува регионалната КТВ.
По бројните јавувања до нивната редакција од вработени во оваа компанија, нивна екипа вечерва била во Дрекслмаер.
„Таму на главната капија се уверивме дека неколку стиотици вработени штрајкуваат. Обезбедувањето не ни дозволи да влеземе во кругот на фабриката. Се легитимиравме и побаравме средба со одговорните, а од обезбедувањето ни беше речено дека немало никој од претпоставените и не замолија да ја напуштиме фабриката. Поради огромниот простор на фабриката, средба со врааботените кои штрајкуваа беше неможна, а исто така поради голема оддалеченост неможевме и да фотографираме.“ јави КТВ.
