Ротари клубот од Кавадарци со уште една подршка за младите

Објавено на 18 јуни, 2014 во 10:50

Да се потикне доброто во детето, во младиот човек, да му се даде потребното значење  и внимание. Со еден збор да се инвестира во иднината преку потикнување и наградување на знаењето , умешноста врвните достигнувања во спортот музиката и уметноста , хуманото и другарско однесување со врсниците.

Тоа е основната идеа и цел на  проектот „жолта маичка“ во организација на Општинскиот совет за превенција од малолетничко престапништво и Ротари клуб –Кавадарци чија завршна  и свечена манифестација се одржа во   Домот на културата „Иван Мазов Климе“во Кавадарци.

 

Синоќа беа наградени вкупно 104 ученици од шесте основни училишта и трите средни во општина Кавадарци со пригодни награди маички тренерки и дуксер со ротаријански амблем   во вредност од над 300 000 денари,  средства кои ги обезбеди Ротари клубот од Кавадарци на новогодишната донаторска  забава./А.Д

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.