Ротари клубот од Кавадарци со уште една подршка за младите
Да се потикне доброто во детето, во младиот човек, да му се даде потребното значење и внимание. Со еден збор да се инвестира во иднината преку потикнување и наградување на знаењето , умешноста врвните достигнувања во спортот музиката и уметноста , хуманото и другарско однесување со врсниците.
Тоа е основната идеа и цел на проектот „жолта маичка“ во организација на Општинскиот совет за превенција од малолетничко престапништво и Ротари клуб –Кавадарци чија завршна и свечена манифестација се одржа во Домот на културата „Иван Мазов Климе“во Кавадарци.
Синоќа беа наградени вкупно 104 ученици од шесте основни училишта и трите средни во општина Кавадарци со пригодни награди маички тренерки и дуксер со ротаријански амблем во вредност од над 300 000 денари, средства кои ги обезбеди Ротари клубот од Кавадарци на новогодишната донаторска забава./А.Д