Панов: „Филип петти е вистинската личност за Кавадарци“’

Објавено на 22 август, 2014 во 13:52

Градоначалникот  на Кавадарци Алекандар Панов искажа спремност да ја повлече предложената одлука за седницата во среда,  со која треба да се иврши преименување на градскиот плоштад од Маршал Тито во Филип петти.

Рече ќе се даде можност и граѓаните да ги кажат своите предлози, а идејата за преименување на плоштадот била негова уште во почетокот на првиот мандат.

 

„ Досега направивме една рунда на замена на улици во градот, а сега мислам дека е дојдено време да интервенираме и на плоштадот. Убеден сум дека Филип петти е вистинската личност за Кавадарци, не дека тој е поголем од Александар Македонски и од Филип втори. Тврдам дека сегашното име не кореспондира ниту со историските факти , ниту пак со Кавадарци.  Навистина треба да се вратиме кон корените. “  рече Панов.

Првиот човек на кавадарци не се согласува со дел од размислувањата на граѓаните кои по социјалните мрежи коментираат дека соодветно име кое треба да го добие плоштадот е Сашко Гешовски, војник од Кавадарци кој загина при распадот на Југославија.

„Мојот личен став, не како градоначалник, туку како граѓанин на опшштина Кавадарци е дека тоа име не кореспондира, не дека не е знaчајно, Неговото загинување е  еден трагичен настан. Тој не е борец. Сашко не го ослободи Кавадарци. Не би сакал да се вулгаризира неговото име“ рече Панов./A.Д

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.