Нова кампања за поддршка на спортот во Кавадарци на „Кожувчанка“

Објавено на 28 септември, 2019 во 10:19

nase 2Како општествено одговорна компанија, која многу пати досега го докажа тоа, компанијата „Кожувчанка“ од Кавадарци започнува нова кампања за поддршка на спортот и урбаната култура и уметност, насловена „наше пиво, наша страст“.

Со секој продаден литар македонско пиво се одвојуваат по два денари за поддршка на спортот во Кавадарци. Собраните средства ќе бидат распределени на колективните спортски клубови. Вчера беше презентирана новата кампања која има за цел допринос во општеството и будење на спортската свест.

nase pivo1Кампањата ќе се спроведува на територијата на општина Кавадарци, а ќе се подготвува и контактна емисија.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.