Едно лице заболено од корона вирус во Кавадарци

Објавено: 20 март, 2020, во 12:52 часот

bolnicakavadarciЕдно лице од Кавадарци е позитивно на корона вирус, потврдија денеска од Центарот за јавно здравје Кавадарци. Лицето согласно сите процедури е транспортирано на Клиниката за инфективни болести во Скопје. Се чекаат резултатите од новиот брис за него, бидејќи позитивниот резултат е добиен од приватна здравствена установа, а направен е тест и на неговата сопруга, која е докторка во кавадаречката болница.

Денеска заседаваше кризниот штаб на општина Кавадарци. Се препорачува граѓаните да ги почитуваат сериозно превентивните мерки. Од денеска се започнува со дезинфекција на сите банкомати и возила кои влегуваат во Кавадарци.

„Службите на ЈП Паркинг да ги дезинфицираат сите банкомати и други слични апарати со средство за дезинфекција на секои 30 до 40 минути.  Согласно заклучокот од 23 та седница на Влада на Република Северна Македонија општинскиот штаб за заштита и спасување препорачува на жителите на Општина Кавадарци да ги почитуваат сите препораки и да се избегнуваат сите групирања над 5 лица. Во однос на овие заклучоци за територијата на Општина Кавадарци препораката е да не се групираат над 5 лица во викенд населбите Моклиште, споменикот на 12 Ваташки младинци и викендиците на Тиквешко езеро. На овие места ќе има редовна контрола од ОВР Кавадарци. Почнувајќи од денес , на трите влезови во градот ќе се постават пунктови за дезинфекција на сите возила кои што влегуваат во градот и транзитираат. На пунктовите ќе бидат дежурни лица од Шумско стопанство Бор Кавадарци, Дирекција за заштита, Територијална противпожарна единица, ЈП Комуналец, инспекциско одделение на Општина Кавадарци, Мој општинар и ОВР Кавадарци“ овие заклучоци од кризниот штаб на прес конференција ги изнесе градоначалникот Митко Јанчев. 

Апелира до граѓаните да не шират паника, но да бидат максимално одоговорни кон издадените препораки./А.Д

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.