20 нови позитивни во Тиквешијата
18.10.2020
Три годишно дете од градинка во Неготино и медициснка сестра од Кавадарци се меѓи дваесетте нови позитивни во последните 24 часа во Тиквешијата, потврдија од Центарот за јавно здравје Кавадарци.
15 од позитивните се од Кавадарци, тројца од Неготино и двајца од Демир Капија. Поради позитивниот случај во неготинска градинка во изолација се 13 деца, една воспитувачка и една негувателка.
„ Позитивните се на возраст од 3 до 72 години. Сите се со симптоми на вирусот. Само петмина биле во контакт со позитивни, а останатите не знаат како се заразиле. Двајца се хоспитализирани во болница“ информира епидемилог д-р Ристе Јовановски.
Непочитувањето на мерките, организирањето на семејни прослави, свадби, крштевки родендени, ги даваат неповолните резултати – велат лекарите./А.Д