Отчет на Јанчев: До крај на мандатот ќе реализирам уште многу проекти за убаво Кавадарци

Објавено на 6 ноември, 2020 во 12:42

jancev1213„Досегашните резултати покажаа дека работиме квалитетно и домаќински со тоа што предизборната програма е со 90 % реализација, како и реализирани голем број на проекти надвор од програмата“ рече градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев на денешната прес конференција на која даде отчет за сработеното во изминатите три години од мандатот.

Тој информираше дека во изминатите три години се реконструирани  сите влезови во градот.

„ Пробивањето на Западен булевар е веќе во завршна фаза, овој проект се чекаше со години да биде реализиран . Реконструкцијата на ул.Шишка е завршена, со тоа што сега имаме современ коловоз со три ленти, велосипедско –пешачка патека и целосно ново улично осветлување како и сообраќајна сигнализација, овој проект е реализиран во соработка со Министерството за транспорт и врски. Се реконструираше и Западен булевар во делот на индустриската зона односно влезот од Општина Росоман, и оваа сообраќајница сега е по модерни и современи стандарди, исто така во соработка со Министерство за транспорт и врски’ рече Јанчев.

Во однос на инфраструктурните проекти, градоначалникот информира за изградените кружни текови на шест локации во градот, кои беа критични точки, како за учесниците во сообраќајот така и за пешаците.

До крајот на годината во Кавадарци ќе се асфалтираат 16 улици во градското подрачје, некои од нив веќе се завршени или отпочнати.  Уште еден поголем проект, рече Јанчев,  е и изградбата на атмосферска, канализациона и водоводна линија на ул.Клинска, ул.Калница и ул.Методи Џунов Џикот, со што и овој дел од градот ќе добие современа инфраструктура и проблемите на жителите ќе бидат решени.

„ Во тек е реконструкција на патот до Михајлово кој е исто така од големо значење, овој проект е финансиран од Европската унија преку проект за развој на туризмот. А веќе завршен проект во делот на Бошавијата е локалниот пат Ладно долче – Крњево, имплементиран од Светска банка преку проектот за подобрување на меѓу општинска соработка. Во руралните средини работиме на целосна инфраструктура , во тек е реализација за поплочување на  улици. Во с.Марена се гради пешачки мост за поголема безбедност на пешаците. С.Сопот доби целосно нова атмосферска и канализациона линија. Поставувањето на нова водоводна линија во с.Дабниште е веќе завршено, овој проект се чекаше со години да биде реализиран.  Подрачните училишта во с.Бегниште, с.Дреново и с.Марена за оваа грејна сезона ќе добијат централно и еколошко греење. Проектот за с.Возарци кој вклучува нова атмосферска канализација и асфалтирање веќе е во фаза на аплицирање со тоа што и овој голем проблем наскоро ќе биде решен“ информира градоначалникот.

Додаде дека во тек е изградба на нова детска градинка на ул.Ресавска, а во изминатиот период беа доградени нови 7 занимални, а беа отворени детски градинки во с.Марена и с.Возарци, otcetпроекти кои се реализираа во соработка со Министерство за труд и социјална заштита.

Јанчев се осврна и на проектите реализирани во спортот, при тоа нагласувајќи ја целосната реконструкција на градскиот стадион со поддршка од ФФМ и Агенцијата за млади  и спорт.

„Кавадарци веќе трета година е на врвот на листата за најеколошки град во нашата земја. Хигиената во градот е на едно завидно ниво.   На наша заедничка иницијатива, со нашиот сосед Грција,  разработивме физибилити студија и врз основа на добрососедските односи сега сме во завршна фаза за да отпочнеме со техничка документација и одобрување на граничниот премин Пуљевац. Оваа приказна која е стара речиси 30 години е од големо значење за двете страни. Очекуваме локален и економски развој и голем бенефит. За наредната година е предвидено, одамна стариот и руиниран објект Ла Луна да прерасне во современ затворен базен“ рече Јанчев.

Најави изградба на прочистителна станица за прочистување на водата за пиење, а со државните институции рече, ќе се работи и на проект за алкохолен дестилат, со што би се решиле проблемите на лозарите.

„Она што е многу важно за нашата општина, проект со чија реализација централното градско подрачје ќе добие еден сосема поинаков лик е изградбата на затворен зелен пазар. Овој проект ќе почне со реализација за неполни два месеци. Проект кој исто така чекаше со години да биде реализиран.  Овие проекти се само дел од сето она досега сработено што го прави Кавадарци поразлично од порано. Ова е само дел од тоа што не прави модерен и безбеден град. Град во кој е задоволство да се живее“ рече градоначалникот.

Тој се заблагодари за соработката на советниците, вработените во локалната самоуправа, јавните претпријатија и бизнис секторот за тимскта работа во изминатите години.

Aнгел Данов

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.