Казнети четворица велешани коишто не пропуштиле пешак на пешачки премин

Објавено на 15 април, 2022 во 12:31

На подрачјето на Сектор за внатрешни работи Велес била спроведена пет часовна акциска контрола за санкционирање на возачи коишто не даваат првенство на минување на пешаци на обележан пешачки премин.

-На 13.04.2022 во периодот од 10.00 до 15.00 биле констатирани и санкционирани пет прекршоци од кои во Велес 4 и во Кавадарци еден, соопшти Ристе Самарџиев,  портпарол на СВР Велес.

Оттаму додаваат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.