Казнети четворица велешани коишто не пропуштиле пешак на пешачки премин
Објавено: 15 април, 2022, во 12:31 часот
На подрачјето на Сектор за внатрешни работи Велес била спроведена пет часовна акциска контрола за санкционирање на возачи коишто не даваат првенство на минување на пешаци на обележан пешачки премин.
-На 13.04.2022 во периодот од 10.00 до 15.00 биле констатирани и санкционирани пет прекршоци од кои во Велес 4 и во Кавадарци еден, соопшти Ристе Самарџиев, портпарол на СВР Велес.
Оттаму додаваат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.
Стефани Манева


