Кривична пријава против двајца велешани, кај нив пронајдена дрога

Сектор за внатрешни работи Велес поднесе кривична пријава против четириесет и четири годишниот М.И и четири години повозрасниот Т.П, двајцата од Велес. Против М.И е поднесена поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсор“, додека против Т.П поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „овозможување на употреба наркотични дроги“.
-Имено М.И. набавил хероин со цел понатамошна продажба на корисници, а на 22.05.2022 во Велес, од полициски службеници пријавените се затекнати при купопродажба на дрога, а при извршен преглед во возилото на Т.П. пронајден е и одземен хероин, пишува во дневниот билтен на Министерство за внатрешни работи.
Исто така, полициски службеници од СВР Велес, ноќеска, пет минути по полноќ, го лишиле од слобода осумнаесет годишниот Ј.Д.од Велес, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.
Лицето било приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Дума.мк
