Лабораторијата на Технолошко – технички факултет во Велес со нова опрема
Технолошко – техничкиот факултет во Велес своите лабораторики капацитети целосно ги подобрил откако во последните две години била донесена нова лабораториска опрема во вредност од близу 200.000 евра. Продеканката по наука и меѓуанродна соработка проф. д-р Даниела Николовска Неделковска, вчера, на првиот академски час, рече дека последниве неколку години интензивно се работи со што е подобрена инфракструктурата на факултетот и со тоа се зголемува квалитетот на студиите.
-Во последниов период аплициравме на неколку повици за грантови за различни проекти и притоа успешни беа апликациите за наша среќа, најверојатно поради тоа што нудевме квалитетни решенија за тоа што се бара. По таа основа во последниве две години донесена е лабораториска опрема во вредност од близу 200.000 евра со што значително ги подобривме лабораториските капацитети и можноста за научно истражувачка работа но и за практична работа кадешто студентите можат директно да работат на одредени инструментални техники. Дел од опремата што ја набавивме е од последната генерација на инструменти за соодветните методи и е нешто што е предизвик да се има во нашата лабораторија. Се разбира, да се понуди како на нашите студенти но и на пазарот односно на индустријата во областа во којашто ние делуваме, додаде Николовска Неделковска.
Освен подобрувањето на инфракструктурните капацитети на лабораториите на факултетот, во последните години, на факултетот активно работеле и на подобрување на меѓународната соработка.
-На факултетот успешно функционира Еразмус програмата, односно мобилност на кадри како на наши студенти така и на студенти и професори надвор од државата. Имаме успешна реализација во програмата Еразмус, за тоа сведочат високиот број на мобилности како на наши студенти коишто студирале надвор од државата и се вратиле со позитивни искуства и реализирани студиски програми. Но исто така, факултетот бил домаќин на голем број професори од странски универзитети коишто одржуваат предавање пред нашите студенти, додаде Николовска Неделковска.
На технолошко-техничкиот факултето во Велес до третиот уписен рок запишани се 26 бруцоши. Поголем дел од нив, поточно 14 на Прехранбена технологија и биотехнолохија, додека на смерот Нутриционизам пет во Велес и седум студенти на дисперзираните студии во Битола.
Стефани Манева