Лишен од слобода е кавадарчанец за напад над сограѓанка а жител на Бегниште бил нападнат во кафеана

Објавено на 3 декември, 2024 во 15:25
Фото: Архива на Дума.мк

Постапувајки по пријава од 47-годишната кавадарчанка, дека во заеднички двор на семејните домови, Д.В (43) од Кавадарци, физички ја нападнал, вчера вечер, во 21:20 часот  полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода.

Насилникот Д.В бил задржан во полициска станица. Известен бил Јавен обвинител и по документирање на настанот, СВР соопшти дека против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Полицијата превзема мерки за расчистување на настан којшто се случил, исто така, вчеравечер, час и половина претходно, кога во ОВР Кавадарци, Д.Д.(40) од село Бегниште, кавадаречко, пријавил дека во угостителски објект во Кавадарци бил физички нападнат од Г.Т.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.