Македонската Стрип заедница со одлични резултати на Меѓународен Стрип конкурс

Објавено на 26 јуни, 2025 во 09:26

Младите македонски стрип автори убедливо доминираа на Меѓународниот стрип конкурс „ СЕ ШТО САКАМЕ ДА РЕЧЕМЕ Е ДАЈТЕ МУ ШАНСА НА ПОМИРУВАЊЕТ0“

Организатор на оваа повик е Клубот на визуелни уметници „Рашка школа за цртање“ од Рашка, Србија, во партнерство со Creative City Center – Мултифункционален социјален и културен центар од Албанија како и со соработници од Србија. Конкурсот беше заснован на истоимениот грант од Младинскиот фонд за култура на Западен Балкан (WBYCF) и наменет за ученици од основните и средни училишта од: Србија, Албанија и Северна Македонија.

Во категорија „Средношколци“ од вкупно 12 учесници наградени се две македонски учеснички Матеа Аризановска, од Скопје, која го освои првото и Елена Апостолова, од Скопје, која се пласираше на третото место додека второпласирана е  Викторија Асаматај, од Валона, Албанија.

Специјални награди освоија Андреа Младенова од Скопје, за техничко изразување, Матија Стаменковиќ од Лесковац, Србија, за колор и Урош Гајиќ, од Рашка, Србија за приказна.

Според Томе Трајков, оперативен координатор на проектот, во категорија на ученици од основно училиште од вкупно пријавени 140 наградите сите три награди ги добија ученици од Македонија. Првото место го освоија Михаела Ордев, Иван Тасева и Јована Салтирова од Свети Николе, второто место Ива Давидовска, од Крива Паланка и третото место Јасмина Јовчевска, од Скопје како и Кристина Маркоска, од Брвеница.

Специјални награди добија Вук Стојановиќ, од Лесковац, Србија за боја, Ардеа Соколи Валона, од Албанија за порака и Јанко Јанковиќ од Врање, Србија за уметнички израз.

Жири комисијата ја сочинуваа Горан Трајковиќ, од Рашка, Србија, Славица Купенкова од Македонија и Валбона Абдулај, од Валона, Албанија. Треба да се истакне и трудот на менторите на младите стрип автори од сите земји Сузана Ќелешоска, Струга, Ивана Настеска, Тетово, Лина Тренкоска, Брвеница, Љиљана Стриже Трајковиќ, Врање, Илко Стојановски, Велес, Марко Стојановиќ, Лесковац,  Снежана Стефановска, Велес, Даниела Стојчева Илиев, Скопје, Дејан Марков, .Штип,  Пале Јовановска, Велес,  Валентина Штеркова Лукарева, село Ержелија, Иванка Тодорова Милошевска, Скопје, Ликовно студио Кристина Стојанова Имагинариум, Битола, Силвана Ѓуровска, Скопје, Ване Ѓорговски, Скопје, Татјана Антевска Маркоска, Тетово, Игбал Мемиши, Скопје, Мег'Вана Авдулај Валона, Албанија,  и Јонида Малила Валона, Албанија,

Наградите и дипломите ќе се доделат на отварањето на Мегународната стрип колонија во Рашка, Србија ,којашто ке се одржи од 18 до 22 јули, годинава.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.