Малолетен пешак удрен од автомобил во Велес, поради повредите препратен во Скопје

Објавено на 7 мај, 2024 во 11:33

Со скршеница на левата потколеница се здобил малолетен велешанец кој вчера, околу 21:55 часот на улица „Благој Ѓорев“ во Велес бил удрен во патничко возило „цитроен“ управувано од 35 годишната велешанка М.Р.

-Во Ургентна единица, вчера, во 21:55 часот, примен беше малолетен пациент по што веднаш му беше пружена итна медицинска помош и упатен на Одделението за Радиодијагностика каде му се направени ренгенографии на потколеница, колено, натколеница, колк, скочен зглоб, стопало, граден кош и глава. Утврдена е скршеница на левата потколеница и поради тежината на повредата пациентот е препратен во Скопје, објасни Марина Андова портпаролка на Општа болница Велес.

Од Сектор за внатрешни работи Велес додаваат дека по областување на јавен обвинител бил извршен и увид од увидна екипа на СВР Велес.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.