Мобилно новинарство: „Велешкиот фотограф од ученичка клупа“ (фото и видео)

Објавено на 10 февруари, 2023 во 11:00
Фото: Дума.мк – Димитар Андонов

Уметник во душа и вљубеник во фотографија. Овие два збора не можат во целост да го опишат  Димитар Андонов, 14 годишното момче од Велес, кое цели две години не се дели од  фотографскиот апарат. Штом му го купија родителите, на 8 јануари,2021 година, Димитар секојдневно и амбициозно создава фотографии.

Видео: Димитар Андонов
Фото: Фотографија на Димитар Андонов

-До минатата година, кога не бев доволно едуциран да фотографирам модели јас дома на хамери и со дополнително светло фотографирав предмети. На пример шишиња од парфеми. Мислев дека се интересни но не ги објавував на мојот професионален инстаграм профил но вежбав за да добијам поквалитетна фотографија, рече Димитар.

Фото: Фотографија на Димитар Андонов

Всушност пасијата на солидниот ученик на ООУ„Васил Главинов“ ја поттикнал јутубер кого го следел. Особено неговите објавени кратки видеа го мотивирале Димитар. Тој храбро влегол во фотографскиот занает. Амбиција му станале ликови на луѓе. Најчесто спортисти.

Фото: Фотографија на Димитар Андонов

-Кај спортистите сакам да ја прикажам нивната страст и желба за тоа што го прават. Мене ме покануваат како фотограф а јас ги фотографирам нивните скокови или ретки моменти на натпреварите. Тоа не може да се долови со телефон. Сега, на 11 февруари, ќе заминам во Врање, Србија, за да фотографирам одбојкари.Тие ми се приоритет. Така учам за да добијам  фотографија во движење, shutter speed, особено на фотографски апарат кој нема доволно добра брзина на бленда. За да излезат на пример 20 до 30 квалитетни фотографии со добра острина, додаде Димитар.

Фото: Димитар Андонов

Почетоците на амбициозното момче се поврзани со моделите на апаратите „Canon 2000 D“ и објектив „Кid 18/55 “. Потоа од својот џепарлак го купил првиот објектив и лед панел. Следни биле три под па дрон „DJI mini 2“.

Фото: Опрема на Димитар Андонов

-Сега сакам да си купам фотографски ранец, микрофон,објектив и ново тело. Моментално не заработувам пари бидејќи себе си се сметам за аматер а не како професионален фотограф кој го фотографира на пример градоначалникот или го вика студио „Пента“. Не сум како професионалците кои имаат со години искуство, не сакам да им ја земем професијата туку јас од нив да учам, додаде Димитар.

Фото: Фотографија на Димитар Андонов

Не само на фотографијата туку Димитар е посветен и на видео снимање со дрон. Тој одлично умее да го лета.

Фото: Полетување на дрон

Го прашавме ова момче за што најчесто го користи дронот. Димитар без колебање рече дека е љубител на животната средина. Конкретна потврда е ова негово видео со панорама на брег на Езеро „Младост“ и на родниот Велес.

Фото: Фотографија на Димитар Андонов

-Најчесто сакам да ја снимам природата и на луѓето да им прикажам како од птичја перспектива одредени локации или градови. На крајот видеото го монтирам и го поставувам на мојот профил, додаде Димитар.

Фото: Фотографија на Димитар Андонов

Димитар е познат меѓу своите врсници во Велес како талентиран фотограф. Дел од нив сакаат да учат фотографирање а тој несебично ги споделува својот талент и умешност на обуки што ги држи во Младински центар Велес. Тој себе си се гледа како иден професионален фотограф со свое студио. Засега сонува за изложба на која ќе го претстави своето досега создадено творештво. Тоа воопшто не е мало и најголем дел е веќе прикажано на  инстаграм профилот andonov_photo.    

Убавка Јаневска и Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.