Мотоциклист тешко повреден во сообраќајка во Кавадарци

Ноќеска, десет минути по полноќ во Кавадарци се случила тешка сообраќајна несреќа во која бил тешко повреден мотоциклист.
Како што информира МВР, несреќата била пријавена во ОВР Кавадарци, а се случила на крстосницата меѓу булеварите „Никола Минчев“ и „Македонија“. Во несреќата учествувале патничко возило марка „Хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 31-годишниот С.Т. од Кавадарци и мотоцикл „Сузуки“ со кавадаречки регистарски таблички, управуван од 29-годишниот Г.И. од селото Дреново.
Во сударот, со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот кој бил пренесен и хоспитализиран во Општата болница во Кавадарци каде што му биле констатирани повредите.
На местото на несреќата извршен бил увид од страна на увидна екипа од ОВР Кавадарци, а причините за несреќата се предмет на понатамошна истрага.
Дума.мк
