На Претседателските гласале 17,52 % а на Парламентарните избори 16,34 % велешани до 11 часот
Објавено на 8 мај, 2024 во 11:53
Излезноста на граѓаните со право на глас до 11 часот на денешните седми Претседателски избори во општина Велес изнесува 17,52 % додека на единаесеттите Парламентарни 16,34% соопштија од Општинската изборна комисија.
„Од вкупно запишани 44 илјади 858 граѓани во Единствениот избирачки список за претседателски избори излегле и гласале 7 илјади 859 избирачи додека од вкупно запишани 44 илјади 954 избирачи за Парламентарните избори правото на глас го искористиле 7 илјади 855 граѓани,“ соопшти Ребека Бајдевска Ѓошева од Општинска Изборна комисија Велес.
Бајдевска Ѓошева додаде дека излезноста на избирачите во споредба со првиот круг на Претседателски избори е скоро идентична поточно денеска е повисока за 1,3 %.
Убавка Јаневска