На територија на СВР Велес казнети 51 возачи за брзо возење

На територија на Сектор за внатрешни работи Велес, вчера, била спроведена засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило со брзина поголема од пропишаната. За време на акцијата биле санкционирани 51 возачи.
-Од нив четири возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина, пишува во соопштението на МВР.
Оттаму додаваат дека на сите возачи изготвени им се соодветни поднесоци.
Исто така, апелираат дека засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Возачите да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел да се зголеми безбедноста во сообраќајот и заедно да се придонесе за посигурни патишта.
Стефани Манева
