Нападнат малолетник во Велес и девојка во Неготино, едно каснување од бездомно куче и двајца Неготинци приведени во Полициска станица
Во Полициската станица во Велес, вчера, претпладне, во 9:15 часот велешанецот Т.Ч.(53) пријавил дека на улица „Благој Ѓорев“ во Велес бил каснат од бездомно куче. По нешто повеќе од шест часа пријава стигнала и од 42-годишен маж дека на улица „Христо Татарчев“ неговиот малолетен син бил физички нападнат од едно лице.
-Се преземаат мерки за расчистување на случајот,соопшти Билјана Ѓаковска портпаролка на Сектор за внатрешни работи Велес.
Според Ѓаковска, полициските службеници работат на документирање на два случаи по што ќе биде поднесена соодветна пријава и за еден напад на девојка од момче во Неготино како и за двајца Неготинци кои агресивно се однесувале кон нивни колеги на службена задача.
Поточно, вчера вечер, во 20,00 часот полициски службеници на ОВР-Неготино го лишиле од слобода четириесет и двогодишниот З.М.(42) од Неготино, затоа што физички ја нападнал неговата пет години помлада девојка. За настанот бил известен јавен обвинител и лицето било задржано во полициска станица.
Рано утрово, во 02:10 часот, на улица „Илинденска“ во Кавадарци, полициски службеници од Полициско одделение за безбедност на патниот сообраќај на ОВР-Кавадарци ги привеле П.К.(23) од село Тимјаник, неготинско и Д.М.(26) од Неготино, затоа што агресивно се однесувале кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. Со нив бил извршен службен разговор.
Убавка Јаневска