Неготинец се заканувал на својата мајка и во домот предизвикал пожар во една од собите
Објавено на 17 јули, 2024 во 11:52
Дваесет и седум годишниот М.А од неготинско село, вчера, бил лишен од слобода од страна на полициски службеници од Одделение за внатрешни работи по пријава од неговата 50 годишна мајка. Тој агресивно се однесувал кон неа, оштетил дел од покуќнината и предизвикал пожар во една од собите.
– М.А. бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, пишува во дневниот билтен на СВР Велес.
Дума.мк