Возрасни граѓани имаа бесплатни мерења на шекер во крв и крвен притисок во Градско (фото)
Објавено на 20 ноември, 2024 во 13:52
Триесет граѓани на Градско денеска беа прегледани од лекар со кого, исто така, имаа можност да се консултираат и советуваат за хронични болести од кои боледуваат и какви што се дијабетесот и крвниот притисок.
Прегледите се реализираа во просторија на Здружение на пензионери по повод Недела за грижа на стари лица, која што, ја одбележува Општинската организација на Црвен Крст Велес.
Во реализацијата на денешната активност беа вклучени еден лекар и тројца волонтери на Клуб на млади на Црвен Крст Велес.
Стефани Манева