Унапредување на пчеларството во Неготино

Објавено на 3 февруари, 2016 во 13:02

Општина Неготино со општина Амлопиа од Грција работат на унапредување на пчеларството и производството на пчелни производи. Тие реализираат заеднички проект преку ИПА програмата за прекугранична соработка.

Вчера и денеска во Неготино се разгледуваа реализираните и се договараа следните активности на овој меѓуграничен проект.

Станува збор за проект во вредност од 272.489 евра наменети за општина Неготино од кои 85 отсто се  обезбедени од Европската унија и 15 отсто од национално кофинансирање, додека општината партнер Алмопија на располагање има 268.145 евра.

„ Би сакал да потенцирам, , дека овој проект е насочен кон поврзување на двете општини во делот на економскиот развој на пчелните производи фокусирајќи се на поддршката на пчеларите од неготинска општина, а еден дел од средства ќе бидат наменети за изградба на 400 метри делница од новиот пат од Г.Дисан до Вешје чија изградба е во тек, “ рече градоначалникот на Неготино, Ванчо Апостолов./А.Д

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.