Опожарен дел од угостителски објект
Пожарникарите од територијалната противпожарна единица Неготино утринава околу 8.20 часот гаснеа пожар во угостителски објект во центарот на градот.
Командирот, Илие Илиев информираше дека веднаш по пријавата, екипа од тројца пожарникари и едно против пожарно возило за пет минути стигнале на мстото на настанот и за 15 минути целосно го локализирале пожарот.
Според првичните информации од пожарникарите причина за пожарот е запалување на скарата, најверојатно поради неисправен оџак, по што огнот се проширил низ целиот објект и еден дел од истито е опожарен. Причинета е мала материјална штета.
Од ТППЕ Неготино апелираат до сите угостители кои се занимаваат со производство и печење на скара да вршат редовно и навремено чистење на оџаците, кои неретко, поради маснотиите се запушуваат и потоа настанува пожар./A.Д