Еко креветчиња за децата во јаслите на градинката во Неготино!

Објавено на 19 ноември, 2012 во 21:40

Дечињата од детската градинка „Фемо Кулаков“ во Неготино ќе спијат на нови креветчиња.

Деновиве кавадаречката компанија „Фени Индустри“ и Царинската управа им подарија десет детски креветчиња. Тие се за најмалите деца кои градинката ја посетуваат во групата јасли. Креветчињата се еколошки, изработени од дрво со цел да ги користат многу генерации.

 

„Нашата компанија уште еднаш на дело ја покажа својата хуманост и го презентира чувството на општествена одговорност,за што неодамна добивме и награда. Се надевам дека овој пример ќе го следат и другите компании,“ рече Анастасија Илкачева,претставник на Фени Индустри.

Дечињата од градинката во знак на благодарност им возвратија на донаторите како што само тие  умеат да пречекаат добронамерни гости. Играа и пееаја, кажуваа стихотворби и изведуваа повеќе други подготвени точки. На заминување на гостите им подарија ракотворби кои ги изработиле во градинката.

Инаку кавадаречкиот гигант за никел во соработка со Царинската управа одлучи средствата наменети за уништување на фалсификувани производи да ги донира во хумани цели и тоа преку набавка на детски креветчиња од македонско производство.

Од Фени рекоа дека на овој гест се одлучиле откако континуирано вложуваат во кавадаречкиот спорт и во изминатите три години извеле повеќе градежни и инфраструктурни проекти. Фирмата учествуваше и во изградба на градскиот плоштад, организација на Тиквешкиот гроздобер,како и изградба на новата црква Света Петка во Каварарци.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.