Подвижна канцеларија за земјоделците од Неготино и Демир Капија!
Наместо земјоделците да ги оставаат нивите и работата за да дојдат од село во град сега вработените во подрачната единица во Неготино ќе одат низ селата.
За начинот на доделување на државното земјиште под концесија, за поднесувањето на барања за субвенции, за програмите и проектите, за поддршка на земјоделството како и за разни совети земјоделците ќе можат да се информираат во подвижната канцеларија на Mинистерството за земјоделство,шумарство и водостопанство.
„Започнуваме од село Црвени Брегови каде ќе ги поделиме евидентните листови за производство на тутун. Производителите ќе ги запознаеме и со мерките за субвенционирање, со руралната програма и други новини во земјоделството“, рече раководителот на подрачната единица во Неготино Златко Пенков.
Во селата каде што има до 200 жители канцеларијата ќе престојува еден ден, два дена ќе биде на располагање во селата со 200 до 600 жители а над тој број канцеларијата ќе остане да работи три дена.
