Ванчо Апостолов од ВМРО ДПМНЕ, кандидат за градоначалник на Неготино!
На синоќешната промоција пред неготинци, синоќа, Апослтолов рече дека како пратеник бил иницијатор и учесник во донесување на бројни закони и мерки за подобрување на состојбите во земјоделието.
Ги потенцираше законот за легалзиација на државното земјоделско земјиште за повеќе годишните култури,со што се решил голем број на земјоделци од Неготинскиот регион.
„Пред 7 години државата за субвенции одделуваше само 5 милиони евра годишно,сега тие 5 милиони одат само за неготинските земјоделци за субвенции. Пред три месеци ги зголемивме истите за 20 насто. Исто така оваа Влада го донесе и законот за вино со што навистина се стави ред во овој сектор со регулирање на односите меѓу лозарите и винарите“,рече Апостолов.
Тој ги издвои и владините проекти за подобрување на животот на пензионерите, социјално загрозените граѓани и образованието.
Во кампањата што ќе ја води за избор на иден градоначалник на Неготино, Апостолов, вети поквалитетен животот за граѓаните, развој на индустриската зона Црвени Брегови како и проширување на зоната Дуброво, гасификација на општината и решавање на проблемот со водоснабдувањето./Б.Н.Т