Општинската администрација на обука за енергетска ефикасност!
Објавено: 24 април, 2013, во 08:25 часот
Се обучуваат вработените во општините од Повардарскиот регион за подготовка на проекти со кои ќе се подобрува енергетската ефикасност во јавните институции низ градовите. Целта е да се намали потрошувачката на енергија и трошоците и да се подобри сегашната состојба.
Центарот за развој на Вардарскиот регион, одржа работилница, на оваа тема во Неготино.
-„Позитивно кај овој проект е што лицата кои работат во општините ќе бидат директно инволвирани во процесот на подготовка на овие документи и нивното спроведување се со цел поедноставување на процесот на изработка на програмите како и унифицирање на нивната содржина. Агенцијата за енергетика изработи упатство за изработка на програмите за енергетска ефикасност во кое конкретно е објаснето што треба да содржат програмите како и табели кои се едноставни за пополнување и со кои се дава јасен преглед за заштедите на енергија“, рече директорот на Агенцијата за енергетика Лазар Гечевски.
Според него и покај тоа што изработката на документите е законска обврска, досега само половина од општините имале доставено тригодишни програми до Агенцијата за енергетика а само третина од нив имале доставено едногодишни акциони планови.
Ваквата состојба, според Гечевски, се должи на тоа што многу општини во РМ немаат доволно човечки и финансиски ресурси за водење на оваа проблематика./Б.Н.Т
