Се зголемува ли интересот за подигање на нови лозови насади!

Објавено на 13 мај, 2013 во 14:39

Ова во последно време станува се поактуелно по информациите дека продажбата на лозови калеми се одвива со засилено темпо.

Од расадникот Агрокалем од село Тимјаник велат дека годинава имаат поголема заинтересираност за набавка на лозови калеми независно за која сорта на грозје станува збор дали за вински или пак за десертни.

Според сопственичката Васе Мојсовска квалитетниот и богат род како и постојаниот раст на висината на субвенциите кои земјоделците ги добиваат, придонесувале последниве години во општина Неготино интензивно да се одвива садењето на нови лозови насади.

-„Само нашата фирма на пазарот има продадено и пласирано над 300.000 броја квалитетен лозов калем и тој број не беше доволен за потребите на лозаро производителите бидејќи побарувачката беше огромна. Цените на калемите се движеа од 30 до 35 денари за парче. Купувачи беа индивидуални производители но и големи претпријатија кои се занимаваат со производство на грозје,“изјави Мојсовска.

Најновите податоци од министерството за земјоделство,  се дека долгогодишни лозовите насади има на површина од околу 33.000 хектари. Од нив 23 500 хектари се под винското грозје додека останатите под  десертните сорти на грозје.

Пред десетина години Македонија располагаше со околу  45.000 хектари лозови насади. Сега тие се намалени. Сепак последно покажаниот интерес за купување на калеми  дава надеж дека ќе се подигнуваат нови лозови насади./Б.Н.Т

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.