Продолжуваат активностите за санација на мостот на Вардар кај Пепелиште!
Надојдените води на реката Вардар од силните врнежи од дожд кои ја зафатија земјата изминатиов период ги стопираа активностите деновиве во делот на санацијата на оштетувањата на Пепелишкиот мост во близина на Неготино кој ги поврзува централна со источна Македонија како и Неготино со село Пепелиште кое е на оддалеченост од само 5 километри.
Од денеска, по намалувањето на нивото на водата, градежните работи ги продлжи градежната фирма „Еуро-инг“ од Гевгелија. Велат дека ќе се обидат да го запазат предвидениот рок од 2 месеци за санирање на главните оштетувања на средината на мостот кои придонесоа тој да ,, падне ,, за 15 сантиметри.
Инаку, и понатаму останува да важи забраната за движење на лесни и тешки товарни возила, како и за пешаци по мостот. За тоа време лесните возила и пешаците до посакуваната дестинација пристигнуваат преку заобиколниот пат кој води низ селото Криволак, додека тешките товарни возила се пренасочуваат па источниот дел од земјава доаѓаат преку патот кај Велес./ Б.Н.Т
