„Квадрил“ на неготинскиот плочник!

Објавено на 17 мај, 2013 во 12:04

Се танцуваше денска во центарот на градот. Стотина матуранти од гимназијата Св. Кирил и Методиј ги покажаа танцувачките вештини додека низ центарот на градот се слушаа звуците на светски познатото дело на Штраус, „Лилјак“.

Матурантите ги воодушeвија граѓаните најголем дел од нив специјално дојдени за да го видат танцот. На овој начин средношколците учествуваа во големата манифестација „Матурска парада 2013“.

На матурантите кои денеска танцуваа на градскиот плоштад, матурирањето им го честиташе и директорката на СОУ Св. Кирил и Методиј Неготино, Маја Тефова која рече дека младите се наоѓаат пред важна крстосница во животот и треба да ги исполнат очекувањата на нивните семејства зачекорувајќи кон нови животни предизвици. Тефова им порача  дека треба да се насочат кон високото образование и да напредуваат во животот истакнувајќи ги своите човечки и етички вредности.

-„Имате отворен пат кој секој од вас треба да знае како да го чекори. Имајте достоинство,бидете храбри и упорни и стекнете се со знаење затоа што тоа е единственото нешто кое засекогаш ќе остане ваше. Бидете среќни,и направете и другите покрај вас да се чувствуваат така“,истакна Тефова.

Оваа парада на матурантите е интернационален настан кој во исто време се одржува  во стотина градови во 11 земји во Европа.

Годинава на парадата девојчињата носеа бели маички а момчињата во црна боја./Б.Н.Т

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.