Климатските промени влијаат врз македонското земјоделството!

Објавено на 24 мај, 2013 во 15:01

Климатските промени претставуваат сериозна закана и битен проблем за земјоделството, ,особено за лозарството а нивното влијание особено ќе се одрази врз населението во послабо развиените средини кое е директно зависно од производството.

-„Земјоделците најмногу се интересираа за заштита на растенијата затоа што можам да им помогнам токму на оваа проблематика. Агрономијата е комплексна наука и секоја работа  бара внимание, лозарите се интересираат за начинот на резидба, садење, заштита сепак морам да кажам дека нашите земјоделци се искусни производители  и затоа им се многу важни конкретни совети за одредени прашања,“ – рече Слободан Банџо, професор на Факултетот за земјоделски науки и храна.

Според земјоделските стручњаци, иако се уште се прават проценки кои култури би биле најпогодени од климатските промени се смета дека најголем ризик би имале доматите во Струмичко и грозјето во Повардарие.

Нивните совети се дека земјоделците мораат да  употребуваат квалитетен семенски материјал,  воведување на нови технологии за наводнување на земјоделските култури и секако навремено да се објавуваат земјоделските прогнози, краткорочни и сезонски.  Експертите сугерираат да се подобруваат и расите добиток.

На денешната средба на експертите со земјоделците во неготинското село Тимјаник беше речено дека се прогнозира дека температурата од 2025 до 2100 година ќе расте во просек за еден до 3,8 степени, просечното количество врнежи ќе се намали за три до 13 отсто додека вкупните економски штети од намалените приноси на зимска пченица, грозје и луцерка се очекува да достигнат 30 милиони евра во 2025 година, а 40 милиони до 2100 година./Б.Н.Т

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.