Неготинските бизнисмени ги слушнаа мерките на Владата за отворање на нови работни места

Објавено на 19 септември, 2013 во 13:43

Агенцијата за вработување денеска пред бизнис секторот во Неготино ги презентираше активните програми и мерки за вработување за годинава.

-Новите мерки имаат единствена цел – намалување на невработеноста во земјава како и појаснување на работодавачите за полесно нивно реализирање, рече директорот на Агенцијата, Влатко Поповски.

Пред бизнисмените беа презентирани програмата за самовработување, финансиска поддршка на мали и средни претпријатија и занаетчии, за отворање нови работни места, како и субвенциите за вработување. Секоја програма и мерка содржи цел на програмата, опфат на корисници, потребни средства и извори на средства, надлежни институции за имплементација, услови и критериуми.

Присутните беа информирани и за објавените огласи од страна на Агенцијата за вработување, за обука кај познат работодавач и практиканство како прво работно искуство до вработување. Овој оглас беше распишан во текот на вчерашниот ден и се однесува на млади невработени лица до 29 години.

На трибината, претставниците од Агенцијата за вработување и Министерството за труд и социјална политика одговараа и на поставените прашања од страна на претставниците на бизнис-секторот./Б.Н.Т

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.