„Син јазик“ ги нападна и стадата во неготинско
Објавено на 29 август, 2014 во 12:48
Болеста син јазик која го напаѓа добитокот е потврдена и во општина Неготино. Жаришта на оваа болест се официјално регистрирани кај овците во селата Вешје и Пепелиште, додека се испитува состојбата на теренот во село Војшанци.
Сточарите кои веќе трпат штети од болеста која ги напаѓа стадата се прашуваат дали ќе имаат обесштетување од држвата. Од подрачната единица на Министерството за земјоделство велат дека фармерите треба да ги пријават штетите кај добитокот, по што соодветни комисии ќе ги разгледаат и постапката ќе продолжи согласно законот.
Болеста ја има и во кавадаречко. Поради таа причина утре, во утринските часови ќе се изврши авионско прскање против комарци, бидејќи тие се главните преносители на болеста./A.Д