Се пробиваат и тампонираат улици во Неготино
Пред крајот на градежната сезона во Неготино се пробиваат и тампонираат повеќе улици. Активностите се дел од програмата за комунална изградба и се спроведуваат покрај во градот и во останатите населени места.
Од секторот за комунални дејности при општината информираа дека со средства во висина од 950.000 денари пробиени се и тампонирани улици во с. Дуброво. Се работеше на пробивање на патниот правец Горни Дисан- Вешје. За двете фази од реализацијата на овој проект биле потрошени 2.700.000 денари, а изведени се и други зафати и во останатите населени места.
„Што се однесува до активностите во овој дел во градот, извршено е пробивање и тампонирање на крак од улицата Димче Мирчев со средства од 250.000 денари, како и пробивање и тампонирање на крак од улицата Ацо Аџи Илов во Неготино за што се потрошени близу 700.000 денари. Исто така, градежни активности за пробивање и тампонирање на улици се изведоа и во урбаниот блок 5.1 во Неготино“ информираа од локалната самоуправа./A.Д