Опожарена куќа на семејство од Тимјаник

Објавено: 29 декември, 2014, во 13:07 часот

Пожар избувнал утринава во куќата на Страшо Стојков од неготинското село Тимјаник. Во неготинската противпожарна единица пожарот е пријавен во 03.40 часот.  Пламените јазици зафатиле една соба  и таванот, а целосно е  уништена и покуќнина и бела техника.

Екипа на ТПП Неготино излегла на терен веднаш по пријавувањето на пожарот. Се интервенирало со едно возило и двајца пожарникари.  Според кажувањето на командирот Иле Илиев пожарот бил локализиран за два часа и благодарение на навремената интервенција е спречено пламените јазици да зафатат и соседни објекти

Во текот на денот ќе се изврши увид и ќе се утврдуваат точните причини за пожарот. Според прични информации пожарот најверојтно е настанат поради проблеми со оџакот. /А.Д

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.