Неготино ги намали загубите на вода и доби редовно водоснабдување
Неготино во изминатиот период интензивно реализира проекти за пообрување на водоснабдувањето. Хидрауличното регулирање на притисокот на водата овозможи рестрикциите на водата за пиење за Неготинци да станат минато. Денеска беше претставен овој проект со кој во чешмите на граѓаните на Неготино ќе има вода во континуитет.
„Со спроведување на проектот „Хидраулично регулирање на притисокот на водата“ се постигна очекуваниот ефект – после 30 години се укинати дванаесет часовните редукциии и обезбедено е континуирано дваесет и четири часовно водоснабдување за населението“ рече градоначалникот на општина Неготино, Ванчо Апостолов. Денеска се одржа презентација на споменатиот проект од страна на стручни лица од фирмата ИМГД од Хрватска.
Апостолов најави дека општината ќе продолжела и со други активнсти кои ќе го решеле водоснабдувањето во Неготино за наредните сто години. Посочи дека веќе бил потпишан договор со Светска банка за реконструкција на водоводната мрежа на улици во Неготино , а ќе се граделе и два нови резервоари за обезбедување дополнителни количини вода за пиење. Планирано било да се поставуваат водомери онаму каде што досега ги немаше.
Директорката на ЈП „Комуналец“ Наташа Лазова истакна дека со имплементација на проектот за хидраулично регулирање на притисокот на водата се намалени загубите, на одделни места од 70 на 40 отсто./А.Д